ВЕОМА ВРЛО ЗБУЊЕН: Перота е политик од Македонија или претставник на Бугарија

Балкан

Северна Македонија бара начин да стави вето на патот кон ЕУ. Нема да ме чуди многу брзо РСМ да добие жолт картон од Европската комисија, изјави Петар Колев, лидер на „Граѓанско демократска унија“ во РСМ, очигледно веома врло збуњен дали е македонски политичар или претставник на Бугарија.

Според него, Македонија има лицемерна политика, од една страна ги осудува ваквите настани, а од друга страна на овој настан во Благоевград, како да станува збор за негов роден град, пристигнува секретарот на претседателот.

Чудно како му посмета само „секретарО на претседателО“, а никој не го забележа за присутен, наспроти тоа што не му засмета присуството на проруските и просрпски политичари како Апасиев или на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицковски.

Уште поинтересно е на овој “македонски политичар“ како не му посмета присуството на Каракачанов или други бугарски официјални лица, како Петков и тажната Захариева или заменичката на Радев на отварање на клубовите во Битола или Охрид?

-Ако мислат дека со вакви двојни игри од времето на Југославија ќе ја осигураат европската иднина на македонските граѓани, длабоко се лажат, додаде збунетиот политик Колев.

Тој рече дека бугарската реакција на настаните во Благоевград заслужува високи пофалби, вбријувајќи се себе си во бугарската страна.

– „На таков начин достоен народ треба да одговори на таквите намерни провокации“.

Дали Уставот на Македонија сеуште ќе дозволува постоење на странски политички партии во земјава?!?