ПОЧИНА синот на Киро Глигоров, економистот Владимир Глигоров

Хроника

Владимир Глигоров, син на покојниот претседател на Македонија Киро Глигоров, ненадејно починал денеска во Виена.

Владимир Глигоров во регионот е познат економист и политиколог. Студирал и магистрирал во Белград, а докторирал на универзитетот Колумбија во Њујорк во 1977 година.

Глигоров работеше на Универзитетот во Белград, а потоа во Виенскиот институт за меѓународни економски студии, каде најмногу се бавел со проектот Западен Балкан, поточно со Србија. Македонија и Црна Гора.

Во истражувањата се бавел со долгорочниот раст во земјите во транзиција, со макроекономски анализи и со финансиските пазари.

Владимир Глигоров имаше 78 години.