
Маск и светскиот шахист Гари Каспаров „се степаа“ на Твитер за ставови за Украина: „Немам ни куќа ни замок, кретену!“
Најбогатиот човек на светот Илон Маск го нарече идиот поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров поради неговиот став кон Украина.
– Зошто луѓето кои седат во удобноста на своите куќи во Силиконската долина и кажуваат на Украина како да води политика? – изјави Каспаров на американската телевизија Си-Ен-Ен. Тој инаку е познат по неговите изјави во корист на Киев.
– Иако Каспаров навистина игра шах речиси како мојот Ајфон, во други работи тој е идиот. Немам ни куќа, ни замок, кретену – му одговори Маск на Твитер.
На 3 октомври, Илон Маск на Твитер објави своја визија за условите за мир во Украина. Како прв чекор, тој предложи одржување референдум во регионите ДНР, ЛНР, Запорожје и Керсон под надзор на ОН. Поради овој предлог, на милијардерот му се налутија бројни странски поддржувачи на Украина, како и самиот претседател на Украина, Зеленски.