
(ФОТО) Починала на 44 години, никогаш не ја преболел: Големата ЉУБОВ на Џеј, инспирација за „Недеља“
Популарниот пејач Џеј Рамадановски долго време бил вљубен во Дубравка, и никогаш не ја преболел, а за неа напишал бројни хитови.
Пејачот Џеј Рамадановски, кој почина на 56-годишна возраст во Белград од срцев удар, ќе остане запаметен по големите хитови, а многумина не знаат дека доживеал голема трагедија кога Дубравка, девојката од неговиот спот за песната „Где чу сад моја ружо“ починала.
Атрактивна црнка со коси очи кои оставија без здив многумина, почина на 44-годишна возраст.
Кога Џеј дознал, бил многу потресен и не можел да поверува дека ја изгубил девојката во која бил заљубен со години.
-Неколку дена пред тоа разговараше за неа со пријател и рече дека навистина би сакал да ја види, и дека е убеден дека и сега ќе го остави без здив со својата убавина. И еве што се случи. Тешко му е со денови поради неа и плаче одвреме-навреме. Дури и земал седатив кога слушнал дека таа ненадејно починала. Дубравка беше една од најубавите девојки во градот во времето кога го снимаа спотот, а имаше посебно место во срцето на Џеј – рекол тогаш изворот.
-Долго беше вљубен во неа, но никогаш не кажа дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство – рекол изворот.
Затоа Дубравка имала посебно место во неговото срце, останале големи пријатели, но изгубиле секаков контакт во последните години.