
БУГАРИТЕ ПАК ПЛАЧАТ, сме им го земале и насила направиле светец Кирил Пејчиновиќ
Бугарскиот т.н. професор Пламен Павлов од униерзитетот во Велико Трново, кој носи македонско име Св. Св. Кирил и Методиј и кој се регистрираше и во Македонија, смета дека чинот на канонизација за светител на Кирил Лешочки од страна на Македонската православна црка е богохулење, крадење на историјата, апсолутно кршење на билатералниот протокол меѓу Бугарија и Македонија и невидена злоупотреба на историјата.
Во интервју за проруската агенција БГНЕС, т.н. професор Павлов вели дека овој чин е дел од „антибугарската реторика во Република Северна Македонија“.
„Македонската православна црква долго време размислува за канонизација на Пејчиновиќ. Тоа не е невообичаено. Република Северна Македонија на ист начин ги третира Гоце Делчев, Даме Груев, Цар Самуил и цела плеада наши заеднички народни херои. Во случајот со Кирил Пејчиновиќ, а и со Јоаким Крчовски, кого исто така се подготвуваат да го канонизираат, со овие наши рани преродбеници се случува токму истото непочитување на историјата.
Овие луѓе имаат бугарска самосвест – Кирил Пејчиновиќ вели дека „пишува на својот љубезен и наједноставен бугарски јазик“ – секаде се појавува како Бугарин, а би било смешно да се тврди нешто друго“, вели Павлов и додава дека очекува да има реакција и од БПЦ и од бугарската интелигенција.
„Вината на нашата Црква е огромна. БПЦ е повикана од мене и од други луѓе да ги канонизира таквите личности. За жал, браќата Миладинови ќе бидат прогласени за светци од Македонската црква – се надевам дека сум лош пророк, но немојте да се чудите, ако и двајцата браќа – маченици се прогласени за светци во Северна Македонија.
Очигледно, нема никакви пречки во овој богохулен, грд однос кон нашата историја“, коментира шутракот Павлов.
Според него, ова е спротивно на потпишаниот договор меѓу двете земји.
„Ова е и кршење на Договорот за добрососедство и пријателство – без разлика на сите лицемерни уверувања од Скопје и на нивните обврски кон ЕУ. Гледаме како оваа антибугарска реторика по падот на ветото на Бугарија врз РСМ наместо да слабее, почнува да се засилува“, вели Павлов.
За Пејчиновиќ деновиве е интервенирано и на англиската верзија на Википедија, со назнаки дека е бугарски преродбеник. Секако интервенцијата е од Бугарија и платена со бугарски пари.