
(Фото) Здравко Чолиќ уловен во прегратка на секси „плавуша“
Пејачката Ивана Николиќ ја продолжи соло кариерата по распадот на групата Hurricane.
Таа веднаш по заминувањето од женскиот тим имаше можност да настапи со најголемата југословенска ѕвезда Здравко Чолиќ, а сега ги откри и првите впечатоци.
„Сите беа воодушевени кога слушнаа со кого всушност настапувам. Тоа беше и мојот прв голем соло настап. Буквално луѓето беа во фазонот: Те молам само поздрави го Здравко, бакни го, земи му автограм“, рече пејачката.
Ивана на својот Инстаграм профил се пофали со фотографии со легендарниот пејач, а коментарите од фановите не престануваат со поддршки, охрабрувања и воздишки.