Бизнис учителка: Ќе им роди 25 деца на различни мажи под ОВОЈ УСЛОВ, а сега е бремена од бивш ученик

Lifestyle, Живот, Забава

Кога секој од нас планира семејство, од нас се очекува да имаме стабилна врска и добро да го познаваме партнерот. Формирањето заедница и создавањето потомство е исклучително одговорна работа, меѓутоа, поединци очигледно имаат малку поинакви сфаќања за ова прашање од веќе воспоставените.

Пример за тоа е Ејми Купс, професорка по професија, која смета дека единствениот критериум за да се одлучи дали со некој ќе има потомство е дали е физички убав.

Поедноставно кажано, нејзиното мислење е дека само со привлечни луѓе треба да „правиме“ деца.

Мисијата на Ејми е да раѓа деца со потполни странци и на тој начин, како што истакнува, да „создаде убави бебиња“, бидејќи верува дека нејзините гени се многу силни и би ги „потиснале“ машките гени. За работите да бидат пошокантни, пред таа објава, таа сподели со своите следбеници на социјалните мрежи дека сега ќе го роди бебето од нејзиниот поранешен ученик откако излегле на заедничка вечер и завршиле во кревет.

Сега е бремена во 8-ми месец, но и понатаму ги шокира своите следбеници откривајќи дека и други мажи сакаат интимни односи со неа и дека таа би „родила деца од нив затоа што е убава“.

Нејзините амбиции, како што тврди, се да се посвети на мајчинството, односно на масовно раѓање деца, а планира дури 25 деца со разни мажи ширум светот. Ејми се смета себеси за исклучително убава и смета дека тоа треба да го искористи за „да го подобри светот“ бидејќи со поубави луѓе, како што вели, Земјата би била поубаво место.

Секако, Ејми планира да заработи од својот потфат, односно проект, па решила да организира аукции за да ги избере татковците на нејзините деца. Единствен критериум ќе бидат парите, односно татковци ќе бидат тие кои најмногу ќе плаќаат. Сепак, таа нагласи дека не планира роди повеќе од 25 пати, а верува дека со медицинска помош би можела и одеднаш да роди четворки.

– Постојано добивам понуди и од слободни и од оженети мажи да им родам деца. Морам да го ставам моето тело на аукција и да понудам највисока цена. Не знам колку би заработила, но финансискиот аспект не ми е толку важен колку светот да биде поубаво место – истакна Ејми.

Смета и дека на тој начин би ги искомпензирала недостатоците на мажите со своите гени, а тоа на крајот би влијаело на потомството.