
(Видео) Ќе се наежите: Трогателна прегратка на болниот Мајкл Џ. Фокс и Кристофер Лојд 37 години по филмот „Враќање во иднината“
Мајкл Џеј Фокс и Кристофер Лојд повторно се сретнаа 37 години по првиот филм во сагата „Враќање во иднината“. Емотивно најтрогателниот момент беше оној на нежната прегратка на Марти и Док на сцената.
#BackToTheFuture #michaeljfox #christopherlloyd
Forever Doc & Marty 🫶♥️♥️#NYComicConpic.twitter.com/9Ht2TE1nMD— Elena 👨👩👧 (@Elena09766) October 9, 2022
Двајцата актери потоа зборуваа за нивната работа на сетот на трилогијата на Роберт Земекис, раскажувајќи неколку анегдоти.
Видеото од прегратката на Мајкл Џеј Фокс и Кристофер Лојд веќе стана вирално на Интернет. И покрај вложената сила секогаш да се насмевнува, Мајкл Џ.Фокс веќе е „прегазен“ од тешка форма на Паркинсон, од која страда од 1991 година кога имал само 30 години.
Тажна глетка на сцената. Актерот се појави со нестабилни нозе, движејќи се со тешкотии. Во ноември актерот ќе го добие почесниот Оскар за неговата триесетгодишна битка со болеста што го погоди.