ОБИЏУКО: Во МВР не смее член на партија, освен СДСМ и ДУИ?

Македонија

Министерот за внатрешни работи Оливер Обиџуко Спасовски во интервју за МАКФАКС се осврна и на реформите и реализираните проекти во МВР, при што посочи дека е забрането вработен во МВР да членува во политичка партија.

„Уште од самиот старт реков дека имам три главни приоритети во работењето на МВР. Тоа е департизацијата на институцијата, второ е професионализацијата и трето е декриминализацијата на институцијата. И тогаш можеби, во 2017 година, се запрашуваа зошто сите овие постулати ги наведуваме, а имаше сериозни причини во овој дел.

Кога зборуваме за департизацијата, во Законот за внатрешни работи и Законот за полиција се направени крупни измени во тој процес. Таму е ставена забрана за членување во политичка партија на било кој вработен во Министерството за внатрешни работи“, рече Спасовски.

Министерот Спасовски ја искористи можноста уште еднаш да го истакне своето уверување дека вработените во безбедносниот сектор не смеат да членуваат во политички партии, но заборави дека еден куп поранешни градоначалници и пратеници од СДСМ ги вработи на највисоки работни позиции токму во МВР.

Исто така Оливер Обиџуко заборава дека секој прием на полициски припадници поминува преку Општинските Организации на СДСМ, без чија согласност не смее „мува да прелета“, а не пак некој да се вработи во МВР.

Исто така тој заборава дека и самиот е партиски војник, измеќар на Заев, исполнувач на најмрачните сценарија на заевизмот, бетер од Гоца МВРО во послуга на грујовизмот.

Но затоа пак Обиџуко не се срами да изјави:

„Тие единствено мораат да им служат на граѓаните заради тоа што тие се тука за да ги остварат нивните права. Тие кои што се вработени во Министерство за внатрешни работи низ годините наназад, без разлика која владејачка гарнитура била на власт, тие не можат да делуваат во интерес на партијата и треба да го заборавиме тоа време во кое едната сала ќе биде штабот на партијата, а друга сала ќе биде место за пречек на странските дипломати; или да заборавиме дека сите ресурси на МВР можеме да ги користиме во партиски битки.

Така што ако ги погледнете годините наназад изборните процеси кои што ги спроведе МВР под мое водство ќе видите дека од година во година има се’ помалку инциденти, кривични дела кои што се однесуваат на изборните резултати. Тоа значи дека вработените во МВР служат единствено на граѓаните“, нагласи Спасовски во интервју за МАКФАКС.