(Видео) УМРЕТЕ ЗА ПУТИН, по брза постапка влегувате во рајот, тој ќе ургира

РЕЛИГИЈА

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, во послание до оние кои ги испраќаат да умираат во Украина рече дека тие ја исполнуваат својата должност и заклетва и дека многумина ќе умрат за господарот Путин.

Но да не се грижите што ќе умрете. Оние руски војници што ќе загинат на бојното поле ќе им бидат простени сите гревови, затоа што тие биле водени од должноста кон Путин, а тој лично патријархот Кирил ќе ургирал кај Свети Петар по брза постапка да ве пушти во рајот.

„Ние знаеме дека денес многу луѓе умираат во полето на меѓусебната војна. Црквата се моли дека војната ќе заврши што е можно поскоро, па што е можно помалку браќа ќе се убиваат меѓусебно во оваа братоубиствена војна.

Во исто време црквата сфаќа дека некој воден од чувството на должност и потребата да ја исполни својата заклетва, да остане посветен на повикот може и да загине. Тогаш тој, без сомневање, извршува акт на жртвување. Тој се жртвува за другите. И затоа ние велиме дека ваквата жртва ќе ги измие сите гревови што ги направила оваа личност“, рече патријархот Кирил.