
(Фото) Ја памтиме по жешката сцена во „Варљиво лето“: Глумицата денес има 61 година, а се уште изгледа НЕВЕРОЈАТНО!
Цела Југославија се сеќава на шармантната Чехинка од филмот „Варљиво лето ’68“, која го заведе Перица, а послободните сцени од овој филм сигурно се длабоко врежани во сечија меморија.
Ружењка Храбалова брилијантно ја глумеше хрватската актерка Сања Вејновиќ, која и денес изгледа неверојатно, повеќе од три децении по снимањето на споменатиот филм.
Актерката е активен корисник на социјалните мрежи, каде често со следбениците споделува фотографии од своето секојдневие, а често знае да се пофали и со слики на кои позира во костим за капење, на кои може да се види дека времето не и може ништо, и дека и во седмата деценија изгледа совршено.
Да потсетиме, Сања се разведе од сопругот Горан Меќава во 2015 година по 30 години брак. Се запознале во 1984 година на Златибор на филмски сет и решиле да се венчаат по само три месеци врска.
Како што тогаш се пишуваше, во нивниот брак не цветале рози долго време, а Сања во 2005 година зборувала за тоа како му простила на својот сопруг за изневерувањето, што за неа било многу болно искуство.
Таа тогаш изјави дека никогаш повеќе не сака да го преживее истото, но во 2010 година таа и Горан доживеале голема криза во бракот кога тој повторно имал афера.
Две години подоцна наводно и таа имала љубовна афера со поранешниот хокеар Хрвоје Шупих Кватерник, а бракот веќе на големо бил пукнат до финалниот развод.