БОГОЈЕСКИ за Цар Борис Трети и што треба да направи Македонија

Изјави, Политика

Лидерот на политичката партија Македонски Концепт, Петар Богојески објави став во врска случувањата во земјава со промоција на разни бугарски здруженија по нарачка на Русија.

„Одлуката на Цар Борис Трети (по умот на Богдан Филов) да ја анектира Македонија и да ја прогласи за дел од Бугарија (исто како Путин што зема делови од Украина) е причина за македонско – бугарската војна и денешната омраза помеѓу Македонците и Бугарите! Бугарите се криви…“ – смета Богојески.

Ако Бугарија ја прифатеше реалноста во Македонија и ја почитуваше вољата на Македонците за независна Македонија во 1942 година, ништо од ова денес немаше да се случи. Напротив, и денес Бугарија сеуште не може да се помири со постоење на независна Македонија и прави се што може, најчесто преку злоупотреба на ЕУ, да ја сруши нашата државност, по моделот на Путин за рушење на државноста на Украина. Тоа не можам да им го простам, ниту дозволам, по ниту една цена, изјавува Богојески.

Воскреснување на “старата болка” е нарачано сценарио за продолжување на македонско – бугарскиот судир и засилување на омразата, која и онака е веќе над дозволено ниво! Бугарски платеници дејствуваат, македонски путинови измеќари возвраќаат… и сето тоа да се спречи европеизација на Балкан и проширување на ЕУ!

Придавање на такво внимание на толку небитни случувања во Битола, Охрид, следно во Штип… е доказ дека се е нарачано од странски непријатели и домашни соработници – квислинзи, кои наводно ќе “протестираат”!

Што треба да направи Македонија? – прашува и појаснува Богојески

„Наша политика е ОФАНЗИВА! Офанзивно да се дејствува кон бугарските политичари, измеќари на путинизмот и преку механизмите на НАТО да се побара прекинување на бугарските обиди за рушење на македонската државност (непријателство на една земја членка кон друга земја членка)!

За што сме во НАТО?!? Зошто нашиве некадарници не ги користат механизмите на Алијансата за заштита на Македонија?!?

Втор офанзивен пристап е организирање на “македонска политичка сила” во Бугарија, таму имаме силна дијаспора и плус доволен број Македонци со бугарско државјанство, за да избереме неколку Македонци пратеници во бугарски Парламент! После тоа се знае, возобновување на македонските декларации, предлагани и донесувани во бугарски Парламент пред децении наназад. Така ќе го поразиме бугарскиот шовинизам.

Трет офанзивен пристап е органиизрање на македонска заедница во Бугарија со десетици клубови, кои ќе ја откриваат вистината за Македонците. Таму имаме над 3 милиони Македонци кои чекаат на таа вистина!

Четврт офанзивен пристап е соочување на Европа со фактот што Бугарија врши насилство врз Македонија во путинистички стил! Истото што Путин го прави врз Украина, со други средства Бугарија го прави врз Македонија!

Петти офанзивен пристап е….

Македонија има “оружје” на располагање! Само и се потребни прави луѓе на прави места, за истото да биде употребено!

Зошто Македонците упорно избирате шапшали на тие места, не ми е јасно! Ако сакате успех и триумф на Македонија, почнете да мислите за кого гласате! Ние сме тука да ве потсетуваме! А вие си знаете!

Македонски Концепт е за македонска офанзива и рестарт на македонската надворешна политика.