
Вучиќ ШОКИРАН од одлуката на ЕУ да не увезува гас од Русија, ја обвинува Хрватска за блокадата
Земјите од Европската унија гласаа за осмиот пакет санкции против Русија, кои вклучуваат ограничување на цените на рускиот гас што го извезуваат трети земји.
По усвојувањето на оваа одлука, Србија нема да може да увезува гас од Русија преку Јанаф, што значи дека санкциите воведени кон Москва практично се префрлени и на Србија.
Првобитниот предлог на Европската комисија предвидуваше исклучок кога станува збор за снабдување од Јадранскиот гасовод, но на инсистирање на некои земји-членки на ЕУ тој предлог беше одбиен бидејќи ставот е дека нема оправдување Србија да биде изземена, пренесува Нова.рс.
Србија не воведува санкции кон Русија, па затоа не треба да има корист од отстапувањето. Со овој став се согласија и другите земји-членки (ЕУ), изјави дипломатски извор кој беше вклучен во дискусиите за новиот пакет санкции, пренесува Радио Слободна Европа.
Ваквата одлука го шокирала претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој смета, како што се наведува, дека Хрватска е најодговорна за блокадата што и е наметната на Србија.
Главната причина поради која српскиот претседател е незадоволен од одлуката на ЕУ е тоа што Бугарија, каде што работи рускиот Лукоил, добила привилегирана позиција.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, зборувајќи за воведувањето санкции против Србија, рече дека оваа одлука променила сè.
„Реков дека претседателот ќе биде под огромен притисок. Вучиќ денеска по оваа срамна одлука на Европската унија ќе даде жесток одговор на санкциите на кои инсистираше Хрватска, да исклучат некои членки на Унијата од пакетот санкции, но тоа да и го направат на Србија по експлицитно барање на Хрватска. Од џебовите на нашата земја излегуваат стотици милиони евра“, изјави Ана Брнабиќ на ТВ Хепи.
Според нејзиното мислење, Хрватска побарала санкции, „и се гордее со тоа“, бидејќи Србија бара да ги казни одговорните за злосторството кај Босански Петровац кое се случило во август 1995 година.