
(Фото) Драган Бјелогрлиќ во Скопје и Кавадарци: Скопје и Македонија ги сметам за мои
Српскиот глумец, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ, омилен меѓу балканската публика, ги посети Скопје и Кавадраци.
Бјелогрлиќ пристигна во Скопје на покана на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима – Скопје каде е прогласен за почесен професор.
„Колку и да ме повредувал, разочарувал овој суров живот, светот на филмската уметност ми даде сила никогаш да не изгубам верба во љубовта, луѓето и во тој суров живот што секојдневно го живеам.
Поради тоа сум благодарен што сум дел од филмскиот свет и благодарен сум што ја добив наградата што го препозна мојот пат, денеска и тука во овој град и држава што ја сметам за моја, каде не се чувствувам како гостин и каде што живеат луѓето што ги сакам и тие ме сакаат мене“, рече Бјелогрлиќ.
Во Скопје Бјелогрлиќ се сретна и со колегите од филмскиот и драмски свет, меѓу кои и со нашиот драматург од светски глас Дејан Дуковски.
Потоа, беше гостин и во Кавадарци како дел од настанот за доделување на признанието на градоначалникот на, Митко Јанчев, кој се одржа во ресторанот „Моклиште“.
Јанчев е прогласен за личност на Југоисточна Европа во областа на економијата и европеизацијата на Балакнот.