
(Видео) Вечерва ќе пееме „Со љубов за Тоше“ на платото на Гумење: 15 години од последниот концерт на нашиот сакан Тоше, 15 години ти испраќаме љубов кон Небото
На денешен ден, пред точно 15 години на Градскиот стадион во Скопје (денес Арена „Тоше Проески“) нашиот омилен пејач и музичар Тоше Проески го одржа својот последен концерт, кој имаше хуманитарна цел.
Коцертот се одржа под мотото „Образованието е одговорност на сите“, а парите од билетите, кои чинеа двесте денари, беа наменети за училиштата.
Непосредно пред концертот, Тоше им се отвори на новинарите со зборовите дека секогаш ќе биде Македонец и никогаш нема да си ја напушти неговата Македонија.
Рече: „На успехот секогаш е залепено зло зашто човечката природа е таква. Се надевам на поддршка од сите за да се справам со злобните луѓе, оти не можам да го направам тоа сам“, рече тогаш Тоше, прилично искрено.
Оттогаш минаа 15 години со голема празнина на музичката сцена на која тој буквално ја славеше љубовта, животот, пријателството, хуманоста, подадената рака.
Пред точно 15 години нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески на Градскиот стадион во Скопје, пред повеќе од 40.000 посетители, го одржа својот последен концерт. По само 11 дена тој трагично го загуби својот живот кај Нова Градишка во Хрватска.
Тоше те сакаме сите! 💔 pic.twitter.com/gDjKAXoIEO
— Македонска поезија (@mkdpoezija) October 5, 2022
Во чест на сеќавање на нашиот Тоше, вечерва под наслов „Со љубов за Тоше“, на платото на Гумење во Крушево, пред спомен куќата на Тоше Проески, со почеток во 19 часот, ќе се одржи концерт во спомен и љубов на Тоше.
Во продолжение ви носиме парченце од атмосферата и енергијата од последниот концерт на Тоше.