
ПРОТЕСТ ВО МНР, ниски плати, а многу работа со Македонија
Вработените во бугарското МНР се подготвуваат за штрајк поради малите плати, а премногу работа со Македонија, следење на медиуми, на социјални мрежи, кодошење, протесни ноти, средби со шупелки и сл.
Ниското ниво на плати во системот на МНР е проблем што синдикатот итно го предочи на сите раководства од 2019 година, соопшти Стручниот синдикат на државните службеници на Дипломатската служба на Бугарија.
Вработените во МНР инсистираат на пристојна плата, индексирање на патните средства, престанок на практиката на намалување на основната плата при одење на долгорочен службен пат.
Особено бараат намалување на кодошките извештаи од Македонија, кои последните години ја затрупаа архивата на министерството и не оставија ден за одмор на бугарските дипломати.