Поранешната десна рака на ПУТИН тврди: Путин е слаб, нема карта во ракавот, се очекува државен удар!

Свет

Поранешната десна рака на Путин, човекот кој му ги пишуваше говорите уште од првиот ден кога Путин дојде на функција како премиер, Абас Галјамов, денес е безмилосен кон него. Галјамов смета дека „99 проценти од говорот на Путин е чиста пропаганда“.

Галјамов денес живее во егзил, во Тел Авив, и работи како независен политички консултант. Во изјавата за италијанскиот дневен весник „Република“ тој го дефинира Путин како „несоодветен“ за војна и „без стратегија“. Толку „слаб“ за да може да се прибегне кон нуклеарно оружје како последно средство, но со ризик да предизвика државен удар.

„99 проценти од она што го кажа Путин во својот говор беше само пропаганда. Емоција. Речиси ништо што може да има реални последици. Единственото нешто што вреди да се забележи е неговата изјава дека е подготвен да оди на преговарачка маса, но во исто време и дека не сака да разговара за иднината на анектираните територии. Сè друго беше чиста идеологија. И немаше ништо ново во оваа идеологија.

Слушнавме скоро сè што рече во петокот. Антиколонијалната реторика, сепак, беше многу силеџиска. Во минатото тој користеше само фрагменти, овој пат изгледаше дека го слушаме не толку претседателот на Русија, туку некој лидер на некоја африканска земја од Третиот свет од минатиот век, која штотуку стекнала независност“, објаснува Галјамов.

Поранешната десна рака на Путин, Галјамов тврди дека Путин момнтно предизвикува само големо разочарување кај народот.

„И елитата и граѓаните сфатија дека Путин нема што повеќе да каже. Што исто така значи дека работите ќе продолжат да се одвиваат на ист начин. Путин не покажа дека има ас во раковот во играта за да се смени трендот. И трендот е негативен.

Украинците победуваат на теренот, руската економија умира, а незадоволството кај народот расте. Требаше да претстави нов пристап. Но ништо“, вели тој.

Понатаму, Галјамов тврди дека Путин не е во војна ни со Украина, ниту со НАТО, туку е во војна со реалноста.

„Тој вели дека сака да преговара, а во исто време не сака да разговара за главното прашање. Можете да поставувате услови ако победувате, но не сега кога Украинците напредуваат. Тие го освоија Лајман. Прашање на време е кога повторно ќе ги окупираат сите анектирани територии.

Како можете да очекувате да преговарате и да не сте подготвени да разговарате за статусот на овие територии додека воено ги губите? Тоа е однесување на неадекватна личност“.

На прашањето колки е реална нуклеарната закана од страна на Путин, Галјамов одговара:

„Досега, секогаш кога Путин се чувствуваше политички загрозен, тој избираше ескалација. Ако ја загуби офанзивата во Украина, би ја изгубил и власта. А за него тоа би значело затвор.“. Не е исклучено дека Путин може да одлучи да изврши нуклеарен напад врз Украина, тоа би било последното средство, но прашање е дали армијата ќе го послуша.

Зошто, ако Путин некогаш одлучи да започне нуклеарниот напад би значело дека тој е целосно поразен во однос на конвенционалното оружје и дека го изгубил целиот легитимитет во очите на армиските офицери. Во тој момент тие би можеле да одбијат да ги извршуваат неговите команди. А одбивањето би било државен удар“.