
АЛИЈАНСА за Албанците САМИ СЕ КАНАТ за во Влада
Лидерот на Партијата Алијанса на Албанците или ВД Претседател Арбен Таравари, откако застана на чело на таа партија комплетно го подаде газето на власта.
Дури ќе беше разбирливо тоа да го прави, ако некој му го побараше, но тој одлучил сам да го нуди, без разлика што никој не му бара.
Отако Села ја напушти лидерската позиција, но не и политиката, секако по задача на Ахмети, сега следно е до крај да се избрукаат и да седнат во скутот на Таче.
Така лидерот Таравари изјави дека никој не ги поканил во Влада, но доколку тоа се случи, тие ќе ја разгледаат понудата. Што би рекле стари, сам на свадба се кани, никој не го прима.
Од оваа партија и овие двајца „лидери“ нема поголемо разочарување на политичка сцена во земјава.