Од вкупно 100 отпуштени во Ј.П Водовод, 30 се вратени на работа и сите се Албанци

Македонија

Пред неколку дена, новиот В.Д. директор на Ј.П Водовод по налог на градоначалничката Арсовска донесе одлука да отпушти од работа 100 вработени во Ј.П Водовод.

Според наводите на медиумите станувало збор за партиски вработувања, односно за гарнитура на вработени кои со себе ги донел претходниот директор Златко Перински.

Сепак еден од отпуштените вработени во Ј.П Водовод за нашата редакција открива дека од вкупно 100 отпуштени вработени, на работа се вратени само 30 со продолжување на договор и сите се Албанци.

Според наводите на нашиот извор, новиот директор добил наредба да ги врати на работа само вработените кои се Албанци по национална припадност.