
Вучиќ му го закачи на Орбан во знак на благодарност
Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во Белград, каде се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ на Орбан му врачи Орден на Република Србија на голем ѓердан за исклучителни заслуги во развојот и зајакнувањето на мирната соработка и пријателските односи меѓу двете земји. Вучиќ истакна дека му е чест што има можност да му оддаде почит на Орбан.
Ова е највисок орден доделен од претседателот на Србија, рече тој.
Со голема гордост му го доделувам овој медал на голем пријател на Србија. Му благодарам на претседателот на Унгарија за неговиот придонес во развојот на билатералната соработка меѓу двете земји, рече Вучиќ.