ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Не биле 7 туку 93 милиони евра УКРАДЕНА струја од МЕПСО

Македонија, Хроника

Веќе информиравме дека власта на СДСМ и ДУИ создале систем за продавање на евтина струја, произведена во Македонија, преку фамилијарни фирми на нивните функционери, а притоа за таа струја не плаќале редовно на МЕПСО, односно дирекно краделе од државата и народот милиони евра во струја.

Првата информација беше за украдени преку 7 милиони евра во струја од „У Повер“ фирмата во која еден од сопствениците е синот на поранешниот вицепремиер Муса Џафери продавала струја во странство, која ја преземале од МЕПСО, односно од државата Македонија, но никогаш не ја платиле.

Буквално од џебот на народот на овој начин се украдени милиони евра, а тие останале да си ги трошат синовите на функционерите од власта. Тоа го овозможиле криминалците директори на МЕПСО, поставени од страна на СДСМ и ДУИ, односно Заев и Ахмети.

Но скандалот ги надмина сите граници. Не станува збор за 7 туку за 93 милиони евра украдена струја од МЕПСО и тоа не само од една фирма.

Дознаваме дека речиси 93 милиони евра е штетата од ланскиот дисбаланс на системот со електрична енергија кој го направиле вкупно 24 трговци со струја на слободниот пазар, меѓу кои и У ПОВЕР – утврдила Регулаторната комисија за енергетика во годишниот извештај за лани.

Пoради високите цени на електричната енергија на берзите – трговците  ја користеле балансната / субвенционирана од народот струја на МЕПСО, кој пак ја позајмуваше од Eвропскиот енергетски систем и беше предупреден дека ќе им санкции и ќе плаќа пенали.

Така скапата балансна струја се плаќала со пари од буџетот од џебот на граѓаните, откако се прогласи кризна состојба на пазарот со струја, а трговците ја купувале евтино и ја продавале на берзите по највисоки цени. И покрај тоа, повторно не ја платиле набавката во МЕПСО, со што народот дупло платил и за производство и за субвенции, а трговците тродупло профитирале.

„Во 2021 година најмногу нето негативни отстапувања има АД ЕСМ Скопје од 824 GWh, потоа следува У Повер од 51 GWh, Футуре 31 GWh, АД МЕПСО со 17 GWh, ЕДС АД Скопје со 16 GWh. Колку пак од компаните го подмириле долгот кон преносниот систем и што е преземено за останатите фирми кои го правеле истото, од МЕПСО никако да одговорат.

Ова практично значи дека народот е начисто ограбен од корумпираните директори во МЕПСО, перјаници на власта, партиски војници и профитери.

Ни помалку, ни повеќе, туку само за една година уод народот крадиле 93 милиони евра во струја. Ова е сума која јавно се дозна, а сеуште не е јасно уште колку стотици милиони се прикриват и не се откриени до овој момент.