
ПОЕНТА НА ДЕНОТ: Широко затворен Балкан
ПОЕНТА НА ДЕНОТ
Зошто Отворен Балкан е напаѓан од дел од македонските политичари и интелектуалци?
Дали поради омраза кон Србија и Албанија?
Ајде ви се молам!
Поентата беше Македонија да влезе побрзо во ЕУ, без да ги чека Косово и Босна.
Сега откако се знае дека Македонија нема шанси да влезе во ЕУ без Србија, благодарение на Бугарија, а пак Србија нема шанси без Косово и Босна, јасно е дека Отворен Балкан за Македонија стана широко затворен Балкан!
Но тоа е што е, враќање назад нема!
Македонија нема да влезе во ЕУ без Косово и Босна, добредојдовте во клубот на мачениците, ќе делиме судбина пријатели!
Отворен Балкан со ова е веќе официјално зелена карта за Македонија во ЕУ!
Зошто?
Затоа што монопол на процесот на проширување на ЕУ има Франција.
А Франција е најголемиот и најсилниот историски пријател на Србија.
И Франција е и татко и мајка на Отворен Балкан.
Кој сака во ЕУ, нема бегање од францускиот Отворен Балкан!
Оставете аманет на внуците, ова никогаш да не и се заборави на Бугарија!
Вечно да биде проколната таа предавничка на Македонија!
Енде!
пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!