
(Видео) НОВО ВЕТО од Бугарија за Албанците, мора да признаат за СКЕНДЕРБЕГ
Европскиот пратеник од Бугарија Ангелче Џамбаски објави видео снимено пред споменикот на Скендербег во центарот на Приштина, во кое објаснува дека албанскиот национален херој Георг Кастриот Скендерберг „по мајка е Бугарин“ и дека на Косово има многу многу негови „сонародници и сомисленици Бугари“.
„Обикновениот“ европретеник од партијата ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, голем пријател на ДУИ и Али Ахмети, но и обожаван од повеќето Албанци во Македонија, инсистира тие да признаат дека Скендербег бил Бугарин или нема ЕУ за нив.
Ангелче е познат по своите радикални ставови кон Македонците, за што доби силна поддршка од Албанците, кои поддржуваат се што е антимакедонско. Џамбаски вели дека негова цел е во Косово да бидат признаени Бугарите како национално малцинство, што според него е дел од бугарската национална кауза.
Бугарија вложува големи напори да конституира бугарско национално малцинство во Албанија. Со помош на притисокот врз Тирана за почеток на преговорите со ЕУ, Софија успеа да издејствува Бугарите да бидат признаени како малцинство и да бидат внесени како графа на следниот попис.
Во исто време, според здруженијата и партиите на Македонците во Албанија, Софија спроведува интензивна кампања меѓу македонското население во Албанија, со делење литература, социјална помош, како и бугарски пасоши, за да привлече што повеќе од нив да се изјаснат како Бугари.
На Косово живее значителен број Горани, етничка подгрупа на етничките Македонци со муслиманска вероисповед, кои најверојатно се следна цел на бугарската пропаганда. Гораните, или Горанците живеат во областа Гора, која се простира во Косово, Албанија и дел во Македонија, и нивниот број се проценува на околу 60.000 Македонци.
Видеото можете да го погледнете на следен линк: