
ЕКСКЛУЗИВНИ ФОТОГРАФИИ од дождовната бура во Скопје!
Невреме попладнево го зафати Скопје, а врнеше и во други делови на Македонија.
Еве како изгледаше дождовната бура над делови од Скопје:
Полицајци во координација со другите институции им помагаат на граѓаните во Скопје по големото невреме. Се извлекуваат заглавените возила од подвозниците кај хотелот Александар палас, кај Континентал и кај стоковна куќа Мост.
Особено зафатени беа Центар, Аеродром и дел од Гази Баба.
Интервенира и службата за итна медицинска помош.