
СКАНДАЛ: Нови автомобили за Бранко и Ѓорѓе од парите за корона кризата
Државната комисија за спречување на корупција објави скандалозно однесување на власта, која на средина на корона кризата, со парите наменети за набавка на амбулантни возила и лекови за болните, набавила 150 нови луксузни автомобили.
Според информации од генералниот секретаријат на Владата, со луксузни автомобили се почестиле скоро сите министри, партиски функционери од власта, но и претседателскиот кабинет, вклучително и двајцата поранешни претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорѓи Иванов.
Тоа покажува дека сите политичари од транзицијата и минатото, без разлика од која партија доаѓаат и дали се активни или пензионирани, имаат исто поведение да се луксузираат на грбот на сиромаштијата на нашиот народ.
Станува збор за најлуксузните автомобили од марката Шкода Суперб, со кожна галантерија, целосна опрема, автоматски менувач и специјално ориентирни светла, кој кошта повеќе десетици илјади евра за еден автомобил.