
ОПАСНИ КОАЛИЦИИ на Блиски Исток, во опасност американските сојузници
Одлуката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да започне процес за нормализација на односите со Дамаск ги растревожи САД и нивните сојузници Курдите во Сирија како и опозицијата бидејќи се очекува тоа да донесе големи демографски промени и принудно враќање на милиони бегалци.
Овој најнов антиамерикански сојуз помеѓу Турција и Сирија доаѓа после незамисливиот сојуз помеѓу Иран и Саудиска Арабија, со кој во целосна опасност западна Ирак, сојузникот на САД.
Турција веќе ги објави плановите да врати милион бегалци назад во Сирија. Анкара исто така финансираше изградба на домови во северна Сирија, територија на која делуваат Курдите.
Ердоган изминатиот викенд јавно потврди дека Анкара целосно ја сменила реториката и од остар критичар на сирискиот претседател Башар ал-Асад, порача дека двете земји не можат да го прекинат политичкиот дијалог или дипломатија.
Овие зборови беа досега најјасен сигнал дека Анкара започна нова политика насочена кон стабилизирање на односите со Асад, откако повеќе од една деценија беше главниот регионален поборник за неговото соборување.
Средба меѓу Ердоган и Асад веројатно нема да има наскоро, но официјалните лица, вклучително и разузнавачите, се очекува да ја продолжат соработката.
Тоа е силен антиамерикански тренд на Блиси Исток, особено што во целост се загрозуваат позициите на нивните сојузници, како Курдите и Ирачаните, по што следно загрозен ќе биде Израел.
Експертите сметаат дека нормализацијата на односите ќе оди постепено бидејќи пораките од Турција се јасни и Анкара сака да се справи со Курдската работничка партија (ПКК) која дејствува од територијата на Сирија.
Обединетите нации и невладините организации инсистираат дека Сирија сè уште e небезбедна за да се вратат бегалците во својата земја.