РУСИТЕ најавуваат Трета светска војна доколку ова им се случи

Свет

Нападот врз вселенско летало може да доведе до следната глобална војна, изјави Дмитриј Рогозин, шеф на руската национална вселенска агенција Роскосмос.

„Мора да се има на ум дека уништувањето на странско вселенско летало значи Трета светска војна. Тоа е casus belli, и нема сомнеж за тоа“, рече Рогозин, користејќи латински термин за формална правна причина за започнување војна.

Рогозин ја коментираше одлуката на Вашингтон да престане да врши антисателитски ракетни тестови. Објавувајќи го потегот потпретседателката Камала Харис го нарече уништувањето на сателитите за време на ваквите тестови „непромислено и неодговорно“ бидејќи остава опасен вселенски отпад.

Шефот на Роскосмос, сепак, тврди дека САД сега „се преправаат дека се гулаби“ бидејќи веќе ги извршиле сите потребни тестови. „Овој потег, според тоа, треба строго да се смета како пропаганда“, рече тој.

Рогозин тврдеше дека Боинг Х-37, беспилотно американско летало слично на шатлот кое моментално орбитира околу Земјата, потенцијално може да се користи за шпионирање и носење оружје за масовно уништување.

Тој рече дека предлогот на Русија и Кина да потпишат договор за забрана на поставување оружје во вселената бил дочекан со „мртва тишина“ во Вашингтон.

Стационирањето на оружје за масовно уништување во вселената е меѓународно забрането од 1967 година.