
ПОЕНТА НА ДЕНОТ: Трговија со мртовци
ПОЕНТА НА ДЕНОТ
Стигнаа разни „европеизатори“ по Балканите да „европеизираат“, а наместо тоа донесоа срам и омраза.
Што знам, можеби ние погрешно сме ја разбирале „европеизацијата“, сме ја идеализирале, а таа всушност била сосема нешто друго?
Дали сме грешка ние или овие „европеизаторите“ кои ни доаѓаат како белосветски преваранти?
Кој ги напушти вредностите на основачите на ЕУ, идеалите на Моне, Шуман, Аденауер… ние или овие емисарите?
Наместо европеизацијата на Балканот да биде процес базиран на вредности кои ни отвараат заеднички перспективи, заедничка иднина на сите балкански нации, таа тргна во целосно погрешна насока.
Ако сакаш европеизација, тогаш ќе тргуваш со мртовци е пораката од „европеизаторите“! Кој срам за татковиците на ЕУ!
Никако поинаку не може да бидат разбрани „бугарските“ критериуми за влез во ЕУ, освен како трговија со мртовци.
Соработката на балканските нации не мора да биде заснована врз заедничко минато, ами обратно на проекции за заедничка иднина.
Ние можеме да ја европеизираме иднината, да живееме европска иднина, а никако тоа не го можеме со минатото.
Минатото не се менува, тоа е такво, какво што било! Можеме да ја обликуваме само иднината!
пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!