БУГАРИЈА далеку зад МАКЕДОНИЈА по слобода на новинарството

Балкан

Земјава според најновиот Светски индекс на слобода на печатот на Репортери без граници се најде на 57 место, а Бугарија дури на 91то место, и двете во групата на проблематични земји.

И покрај тоа што Бугарија е земја членка на ЕУ, таа е далеку и зад многу други земји од регионов и низ светот.

Тоа значи дека Бугарија освен што е најсиромашна земја во ЕУ, таа е и најфашизоидна без слобода на медиумите.

Пред Бугарија се Ерменија (51), Словенија (54), Романија (56), потоа Косово (61), Црна Гора (63), Босна и Херцеговина (67), Киргистан (72), Србија (79), Унгарија (85), дури и Грузија (89).

Само Украина (106) во која има отворена војна е зад неа на таа листа од поблиското опкружување.

Хрватска која заедно со Бугарија влезе во ЕУ се најде на 48 место и во категоријата „задоволува“. Таа е далеку пред фашизоидната Бугарија.

Според Светскиот индекс на медиумски слободи објавен од Репортери без граници, во светот се случува двојна поларизација, интензивирана од информацискиот хаос, а таа е присутна и во одделни земји и во односите меѓу земјите на меѓународно ниво.

Извештајот за 2022 година, што ја проценува состојбата на новинарството во 180 земји и територии, укажува на катастрофалните ефекти од информацискиот хаос што произлегува од глобализираниот и нерегулиран онлајн информативен простор, кој поттикнува ширење на лажни вести и пропаганда.

Норвешка останува на врвот на светскиот индекс за слобода на печатот во Европа. Бугарија сепак може да се пофали дека е пред Северна Кореја (180), Еритреја и Иран. До нив се Мјанмар (176) и Кина (175 место).