ЖАЛНИ ТАЧЕ, наместо да отвори нов, БУГАРИЈА го затвори стариот културен клуб

Балкан

Покрај најавата на премиерот Димитар Ковачевски – Таче, за отварање на македонски културен клуб во Благоевград во Пиринска Македонија, за сега ништо од тоа.

Последно пред јавноста власта на Таче се вадеше на приказната дека сеуште немале одлучено за името на Клубот, па ќе продискутирале дополнително.

Последно беше објавено дека конечно донеле одлука за Клубот да го носи името Никола Јанков Вапцаров, сепак ништо од конкретна реализација на ветениот проект.

Но наместо отварање на нов македонски клуб во Бугарија, пристигнаа информации дека во меѓувреме Бугарија го затворила единствениот клуб на Македонците, кој постоеше во овој град.

Атанас Кирјаков, активист за правата на Македонците во Бугарија, вели дека македонскиот клуб во Благоевград, кој со години служел како место за собирање на етничките Македонци од градот и пошироко, бил затворен за Велигден.

Кирјаков вели дека клубот имал македонски културен календар, одржувале состаноци, а македонски интелектуалци од Пиринска Македониjа во Клубот ги запознавале со нивните наjнови книжевни дела, македонски книги и македонски весници („Народна волja“, весниците „Скорнување“, „Македонска пошта“, „Македонец“, „Пиринска Македониjа“ и други).

„Но, неколку дена пред Велигден, газдата на просториjaта во коja бевме под кириja, коja редовно ja плаќaвме, еднострано ни го раскина договорот. Анализата ни покажа дека газдата бил под притисок на бугарските власти (таjна и jaвна полициja)“, вели Кирјаков, кој беше и кандидат за градоначалник на Благоевград.

Според неговите сознанија, тие биле избркани од просторијата како казна поради тоа што поголем дел од македонската делегациjа коja се сретна со претседателот Стево Пендаровски во Скопje, била со активисти од македонскиот клуб во Благоевград.

И покрај најавите на премиерот Димитар Ковачевски дека македонската Влада ќе отвори културен центар во Благоевград, како одговор на отворениот бугарскиот клуб во Битола со име „Ванчо Михајлов“, сепак Бугарија демократски го уништи и затвори постојниот македонски клуб.

Во меѓувреме низ Македонија никнуваат бугарски клубови како печурки, последно и во Охрид со име Цар Борис Трети, а во Богданци со име Цар Фердинант, што предизвика многу реакции во македонската јавност. На тоа власта на Таче е глувонема!