
Македонија ќе нема доволно храна за зимава, надлежните се потпираат на увоз
Димитриевски нагласува дека земјоделското производство бележи опаѓање, а и приносите се ниски.
-Имаме производство кое, за жал, во последниве години опаѓа, а пред се се намалуваат обработливите површини и не само за културите кои ги наведов претходно, туку се намалува и бројот на добитокот.
Се ова е резултат на комбинација од повеќе фактори, но најсериозен е депопулацијата, односно заминувањето на младите од руралните средини и напуштањето на производните капацитети. Во однос на приносите, немаме позначајни промени и главно тие се ниски, објаснува професорот.
Тој не очекува нарушувања и проблеми во однос на увозот.
-Сметам дека пазарот ќе функционира и дека нема да дојде до таква радикализација, да се доведеме во ситуација да нема од каде да увеземе иако тоа, секако, пред се ќе зависи од одлуките на државите од каде што увезуваме.
И земјите што имаат големо производство на овие производи треба да го пласираат тоа производство за да не се доведат во состојба нивните производители да бидат оставени без доход, да не можат да го продадат произведеното. Се работи за производство со ограничен период на користење, кое мора да се пласира, подвлекува Димитриевски.