
Весна Петрушевска Бејби: 68 сте на број што гласавте ЗА, веројатно газот ве заболе за Македонија!
СРАМ ДА ВИ Е ! 68 сте на број! Навистина треба повеќе да читате и да учите,а не да препишувате по потреба од Петре М. Андреевски. Денес сите вие што се пребројавте не постоите за мене и нема да ви дозволам да одлучувате за мене. Веројатно ви е сеедно! Веројатно газот ве заболе за Македонија, стои во Фејсбук статусот на Весна Петрушевска.
Таа напиша дека на тие 68 што ги греат столиците не им се важни јазикот, културата и идентитетот.
Не ми се верува какви луѓе сте. Не сте ни луѓенца. Не знам кај беше ова и не знам кога беше, јас мислев во цвеќе ќе ја најдеме Македонија, а таа во казан клаена и сите ѓаволи играат околу неа, ќе ја посееш жито, а кукавици ќе ти никнат, додава Петрушевска во својата објава.