
Богојески: СРУШЕНИ се УСТАВНИТЕ ТЕМЕЛИ на Македонија
Според лидерот на Македонски Концепт Петар Богојески, со вчерашната одлука на Собранието се срушени уставните темели на Македонија и ова е веќе крај за соживотот со Албанците и останатите етнички заедници, каков што го знаевме до сега.
„Или за кратко ќе донесеме Граѓански Устав на земјава и ќе го спасиме нејзиното единство или во следниот парламентарен состав ќе има комплетно радикализирано македонско мнозинство, кое ќе ги ревидира сите досегашни одлуки на малцинските мнозинство“, смета тој.
Според него, првото француско вето за Македонија во 2020 година ги уништи сите искрени убедувања за непогрешливоста и величината на ЕУ во државава и ги спречи ЕУ – фундаменталистите како него да дојдат на пиедесталот на политичката сцена, а им го отвори патот на анти ЕУ екстремистите како Апасиев да ја преземат иницијативата.
„Сега е уште полошо! Сега со донесување на овој француски предлог, целосно им се предава судбината на Македонија во рацете на анти ЕУ активизмот и ЕУ песимистите, путиновите политики триумфираа во земјава, дотолчен е ЕУ оптимизмот, а да не зборувам за ЕУ фундаментализмот. Тоа веќе не постои, останавме само шака ендемски вид на Македонци, кои веруваат во светлата европска иднина.“ – изјавува Богојески.
Овој опасен преседан е дирекно поддржан од ЕУ, со што во Македонија ни отворија меѓуетничка долгорочна криза, која многу тешко ќе се менаџира во иднина. Ние Македонците сме убедени дека Албанците направија антимакедонски чин со што длабоко не навредија и ние ова нема да го простиме. Веќе никогаш нема да имаме било каква доверба во Албанците како до сега.
Албанците мислат дека нешто добро направија, барем за нив, ама длабоко се лажат. Предавајќи ги Македонците, тие се предадоа самите себе. Изгубија нешто, што никогаш нема да го добијат од Србите или Бугарите, да не зборувам за Грците. Тие вакви позиции и ваква комоција можеа да имаат само и само од Македонците, а тие самите плукнаа на подадената македонска рака.
„Особено опасен преседан е гласањето на заклучоците за францускиот предлог, на начин на кој во Собранието биле надгласани пратениците етнички Македонци. Тоа ги урива уставните темели, не се почитува одлуката на мнозинството, а се воспоставува диктатура на малцинството или апархејд во Македонија. Тоа е целосно спротивно на бадинтеровиот принцип на носење на одлуки. Буквално вчера беше суспендиран Уставот“ – смета Богојески.
Тоа секако е подложно на кривична одговорност, ама тоа „отом потом“! Смешно е во ваква констелација на политичките фактори да зборуваме за таква одговорност, за било каква судска правда кога не постои ниту суд во земјава, а најмалку за некакви си планови Б, како што говорат некои зелени правници на политичкава сцена во земјава.
За потсетување, заклучоците за францускиот предлог вчера беа изгласани со 68 гласа „за“. Откако добија поддршка од мнозинство пратеници, Владата на седница одлучи да го прифати францускиот предлог, во отсуство на низа министри, во замена од некои измеќари од Бихачка, наречени заменици министри.
По ваквиот чекор, како што најави премиерот Димитар Ковачевски, на 19 јули (вторник) треба да се одржи и првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Претходно треба да се потпише протоколот за спроведување на Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година.
Богојески тврди дека премиерот Ковачевски срамно лаже, нема да има никакво отварање на преговори со Македонија, туку само ќе се констатира дека е усвоена преговарачката рамка од сите земји членки на ЕУ, вклучително и Бугарија, а дека Македонија одлучила да се самоуништи. После тој настан, следува голготата за Македонија, наречена „ребугаризација“.
„Започнуваме со преговори за промена на македонскиот Устав, а не со преговори за членство во ЕУ. Откако ќе ја доуништиме земјава и ќе ја кантонизираме како бинационална држава, тек тогаш ќе кажат дека може да преговараме за членство со ЕУ, ако има воопшто кој за што да преговара.
Тоа е вчерашната одлука на македонското Собрание, донесена противуставно и спротивно на бадинтеровите принципи. Тоа не е легитимна одлука и таа мора да биде ревидирана!“ – изјавува Богојески.