
Граѓаните вчера се печеа на +40 во знак на протест, а таа си ги лади со нас!
Обраќање на претседателката на Европската комисија, Фон дер Лејен, во парламентот е кулминација на дипломатскиот притисок врз Македонија да се прифати предлогот што внесе длабоки поделби и на политичката сцена и во пошироката јавност, и тоа по повеќе основи.
Се очекува дека поради тоа, но и поради моменталниот однос на силите во Собранието, предлогот ќе помине, но опозицијата најави дека потоа нема да ги даде гласовите потребни за уставните измени со кои тој треба да биде проследен.
Надвор од парламентот, пак, Фон дер Лејен денеска ќе треба да се соочи со револтот на граѓаните, кои веќе две недели протестираат низ улиците со барање предлогот да се отфрли.
А колку проблематичниот француски предлог е штетен не само за Македонија туку и за Европската Унија, можеби најдобро забележа австрискиот професор и познавач на состојбите на Балканот, Флоријан Бибер.
Предлогот, како што објасни, го вметнува билатералниот спор во преговарачкиот процес на ЕУ, давајќи им легитимитет и охрабрување на идните членки на ЕУ да ги блокираат земјите што пристапуваат.