Германскиот канцелар Шолц: Дури и да станете Бугари, ќе имате пречки за влез во ЕУ, зошто ние во ЕУ не сме будали повторно да примиме Бугари во ЕУ

Европа

Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека прифаќањето на францускиот предлог ќе ѝго отвори патот на Северна Македонија кон ЕУ.

Во отворено писмо до граѓаните на земјава, објавено денеска, Шолц порачува дека ги разбира и споделува фрустрациите, но тврди дека Германија сака Северна Македонија да стане членка на ЕУ.

Сакам да бидам сосема искрен со вас: Дури и по прифаќањето на овој компромис, процесот за влез во ЕУ нема да биде лесен. Ќе има и други пречки кои ќе треба да бидат надминати. Но, јас исто така ви велам: Заедно ќе ги совладаме задачите кои ни претстојат.

Затоа што сакаме да бидете членка на оваа Европска Унија!

Ние ве сакаме вас, драги Македонки и Македонци, зачленети во една унија во која се чуваат и се негуваат Вашите и нашите културни особености, нашите различни јазици и нашите идентитети. Тоа нè прави заедно силни.

Сите знаеме дека компромисите понекогаш значат болни отстапки. Европската Унија се состои од компромиси, ден за ден. Но, јас сум цврсто убеден дека дури и тешки компромиси на крајот секогаш нè носат напред и нè прават посилни.