Бугарска аналитичарка открива: Крајната цел на „францускиот предлог“ е одоброволување на Македонците да ја прифатат федерализацијата на Македонија

Македонија

Бугарската аналитичарка за меѓународна политика Зорница Илиева оценува дека „Македонија нема да избегне федерализација дури и да влезе во Европската унија“, бидејќи, според неа, тоа е единственото преостанато клучно прашање за Албанците во земјата.

Таа воедно ја откри и крајната цел на т.н. „француски предлог“ и откри дека прифаќањето на францускиот предлог е само одоброволување на федерализацијата на Македонија која е одамна поставена како цел на албанското население во Македонија.

Многу пати сум одела во тетовска Македонија, на Универзитетот во Тетово, кој си е и албански, со албански знамиња и каде што се зборува само на албански, не многу одамна во разговори со луѓето таму ми рекоа: „Доста се расправате со тие Македонци, дајте да си ја поделиме Македонија и прашањето ќе биде завршено“.

Разбирате ли вие за какви расположенија стануваше збор пред десетина години? Тие постојат секогаш и дури имаше изјави: ‘Ако не се разбереме со вас, дури до Куманово ќе стигнеме.

Тоа не е само етнос што се развива, кој има многу силен наталитет, тоа се луѓе на кои САД и англосаксонските сили се потпираат во своите стратегии, влијанија и улоги на Балканот, вели поранешната соработничка на Комисијата за надворешна политика, одбрана и безбедност на Народното собрание на Бугарија.