
Најсилни општества се оние во кои децата најрано се осамостојуваат!
Јапонија: Детето е надгледувано до четиригодишна возраст
Новороденчињата во Јапонија го добиваат целото внимание што можат да им го дадат нивните родители, но тоа не трае долго. Кога детето ќе наполни четири, може да се качи само во воз до училиште, а родителите му даваат разни повремени работи, на пример, го праќаат само во продавница да набави намирници.
Децата во училиштата учат и чистат училници и ходници. Јапонските родители веруваат дека сето тоа ги учи на независност и одговорност.
Германија: Владата им помага на родителите
Родителството е скапо насекаде низ светот, но на родителите во Германија им помага владата. Доколку детето не почне да работи на 18 години, туку одлучи да студира, месечниот надоместок може да се исплаќа додека детето не наполни 21 или дури 25 години.
Италија: Виното е за секого
Сите знаеме колку Италијанците уживаат во доброто вино, па дури и децата можат да го консумираат (во разумни количини од неколку капки). Италијанците веруваат дека децата кои се изложени на вино за време на вечерата имаат помала веројатност да развијат штетни практики на пиење во зрелата возраст. Со други зборови, тие веруваат дека на тој начин ги подигаат одговорните потрошувачи.
Шведска: Сите се еднакви
Шведска е модел во еднаквоста. Родителите и децата имаат исти права и се третираат еднакво во оваа европска земја. Децата во Шведска се охрабруваат да го кажат своето мислење за било што и се поканети да учествуваат на сите семејни собири, каде што имаат право да го кажат своето мислење за одредена тема.