Мијалков се испазари со обвинителството: Ќе лежи затвор три години и ќе плати 36 милиони евра

Македонија

Спогодбата за осомничениот во случајот „Империја“, Сашо Мијалков, е во тек. Детали во врска со истата, Обвинителството ќе објави наскоро, потврди за МИА, шефицата на на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Случајот „Империја“ се води против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Ало шефе!

Тие се гонат поради основано сомнение за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Според извори на „Фокус“ Мијалков признал вина, и со обвинителството се спогодил да лежи 3 години во затвор и да плати 36 милиони евра. Оваа спогодба денеска беше аминувана во Кривичниот суд, по што се официјализираше.