
МВР манипулира со факти, Законот вели дека не смее да се блокираат автопати само доколку се загрозува сообраќајната безбедност!
МВР денеска испрати известување до граѓаните во кои ги информира дека е против законски да се блокираат автопатите и регионалните патишта. Ова известување доаѓа по најавите за блокирање кои ги испратија граѓаните како протест против францускиот предлог.
Во известувањето се изнесуваат низа невистини и манипулации со факти бидејќи законот не предвидува забрана за блокирање доколку не се загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Блокирање на автопат е спротивно на законот
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (08.07.2022) во архивата на МВР е примен акт со кој политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, како организатор на протест, известува дека: „Во знак на протест ВМРО-ДПМНЕ организира блокади на улици на ден 8 јули (петок), во период од 13.00 до 14.00 часот“.
Во известувањето се наведени маршрути, т.е. локации на блокадите и посочува лице за контакт со организаторот, што е дел од обврските на организаторот предвидени во член 3 од Законот за јавни собири. Истиот член предвидува во известувањето да бидат дадени и податоци и за „мерките што организаторот ги презел во врска со непречено организирање и одвивање на јавниот собир и податоците за организирање на редарската служба“.
За таа цел, Министерството за внатрешни работи изрази иницијатива за работна средба со контакт лицето наведено во актот, кое не одговори на поканата, ниту обезбеди своја замена или друг претставник во име на организаторот.
Оттука, со цел навремено и објективно информирање на јавноста, Министерството за внатрешни работи потсетува на правата и должностите кои ги предвидува Законот за јавните собири.
Согласно, член 2-а од Законот: „Јавен собир заради мирно изразување на мислење или протест може да се одржува на секое место кое е соодветно за таа намена, освен:
– до здравствени установи, на начин кој го оневозможува пристапот на возила на брза помош и го нарушува мирот на болните,
– до детски градинки и училишта додека децата престојуваат во нив и
– на автопатишта и магистрални патишта, на начин со кој се загрозува патниот сообраќај“.