ПУТИН ПОТПИША – во Русија ќе никне нов град

Свет

Претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша договор за изградба на нов град. Сега веќе имаат причина за славење сите путинисти низ светот, без разлика што годишно во Русија исчезнуваат по три градови.

Оваа вест ја соопшти Министерството за развој на Далечниот исток, а градот ќе се вика Спутник, со димензии како некое обично градче во Македонија, но со силна светска реклама за какво чудо станува збор.

Путин го потпишал овој план за време на економскиот форум кој се одржа во Владивосток. Новиот град треба да биде оддалечен околу 30 километри од Владивосток, кој, пак, се наоѓа 2.000 километри од Кина. Со тоа се признава дека всушност станува збор за предградие на Владивосток, но руската пропаганда го претстави како нов град.

Според плановите, се предвидува новиот град да стане индустриски центар во кој некогаш ќе живеат 300 илјади луѓе, а името на градот од руски превод значи „сателит”, кое пак е името на првиот вештачки сателит на Земјата, лансиран од Советскиот Сојуз во 1957 година, што предизвика загриженост во САД, кои беа во „вселенска трка” со Советскиот Сојуз како дел од Студената војна. – информира пропагандата.

Минатата година, Русија стана и првата земја која разви вакцина против Ковид-19, нарекувајќи ја Спутник во чест на победата во вселенската трка, која секако ја изгубија, но сепак пропагандата информира за „победа на СССР“. Нешто слично на она дека Северна Кореја секоја година е фудбалски светски шампион.

Пред потпишувањето на договорот за изградба на нов град, министерот за одбрана Сергеј Шојгу се заложи за изградба на неколку нови градови во источниот дел на Сибир, за оддалечениот регион да стане попривлечен за руските жители.

Без министер за одбрана, приказната не можеше да помине, зашто секој проект мора да биде претставен од значење за безбедноста. Веројатно Шојгу е слеп и не гледа дека десетици градови на Сибир веќе се исчезнати.