ИНЦИДЕНТ КАЈ СКЕНДЕР БЕГ: КОЈ ГО ОРГАНИЗИРАШЕ НАПАДОТ ВРЗ ДЕМОНСТРАНТИТЕ!?

Македонија

Демонстрантите го почнаа денешниот протест против францускиот предлог, но се случи инцидент кај плоштадот Скендербег.

Група составена од неколку лица почна да гаѓа со тврди предмети кон демонстрантите кои се движеа кон Министерството за надворешни работи.

На видео стримот се слуша дека истите се закануваат и со огнено оружје кон толпата демонстранти. Нападнати се со стаклени шишиња, а за тоа во живо сведочи една госпоѓа која најбрутално е прекината и избркана од полицијата!

Кој ги испратил овие луѓе и со која цел сеуште не се знае.

Неколку денови претходно министерот за надворешни работи испрати јавна закана за меѓуетнички тензии.

Полицијата тргна да реагира, а протестот во живо може да се погледне на линкот.