(Видео) МКонцепт повикува на донации од НАРОДОТ ако сакаме ПОИНАКВА ПАРТИЈА на народот

Политика

Според политичкото движење Македонски Концепт, единствен начин да се направи поинаква партија во Македонија, која нема да биде под контрола на мафијата или другите големи партии е доколку истата биде создадена со пари од народот, за да работи за народот.

Според промоторот на таа политичка платформа и политички активист Петар Богојески, работата е МНОГУ ЕДНОСТАВНА!

Сакаме ли Партија на народот? Сакаме ли ПОИНАКВА партија? Сакаме ли партија што ќе го смени комплетниот СИСТЕМ кој не млати 30 години?

„ПРВ УСЛОВ е народот да плати за нејзина регистрација!“ – смета Богојески.

За новата партија да биде независна од “големите партии” и мафијата! Тој тврди дека многу лесно е да се земат пари, но ВАЖНО Е чиви се тие пари! Штом народ плати, тоа значи Партијата е на народот и ќе се избори за народот!

„ПРВО ЧИСТИ ПАРИ, после потписи и се останато за ПОИНАКВА ПАРТИЈА!“ – се зборовите на Богојески.

Националниот Совет на МКонцепт на вчерашниот состанок одлучи од политичка платформа да прерасне во политичка партија, но само под услов целокупната постапка за регистрација да биде финансирана од граѓаните, а не од мафијата или други партии!

За таа цел, доколку сметате дека е оправдано, испратете порака со име и презиме и висина на донација на +389 71484334 или на mkpotpisi@gmail.com да видиме колку не има за ЧИСТО ФИНАНСИРАЊЕ и ЧИСТО РАБОТЕЊЕ, после лесно правиме со другото! – се вели во повикот на Македонски Концепт.