ПОЕНТА НА ДЕНОТ со оставката на авторите БУКИ и БОКИ

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

Францускиот предлог за решавање на бугарското прашање во Македонија не постои!

Тоа не е француско, тоа е македонско – бугарско масло кое прегоре пред да се употреби!

Сега веќе е неупотребливо, поради две причини.

Првата зашто беше произведено со крајно лош квалитет.

Втората зашто беше крајно погрешно рекламирано за продажба во јавност.

Вака прегорено никој не сака да го купи, па ниту Бугарија или Македонија.

Останаа само штети по инвеститорите кои платиле за неговото производство, а тоа највеќе е ЕУ, но не е далеку и Македонија.

Затоа, оставка на авторите на маслото, Буки и Боки!

пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!