ДИМИТРОВ демантира бизнис, но НЕ и за корупцијата од Преспа

АНАЛИЗА

Поранешниот МНР и вицепремиер Никола Димитров се обиде неуспешно да ги демантира наводите објавени на нашиот сајт за мотивите за предвремена имплементација на Преспански договор во Македонија, преку демантирање и дезавуирање на јавноста со наводно неискористување на спорните пари во градежен бизнис во Скопје.

Суштината на објавената анализа за мотивот на Димитров, спротивно на самиот договор, предвремено да ја наметне Преспанската лага за внатрешна употреба во Македонија, е дали станува збор за примено мито од Грција или нејзини лобисти, а не каде се искористени парите од тоа мито!

Дали со овој демант, Димитров всушност признава дека не е чиста работата со Грција, па сега дезавуира јавност со демантирање на небитното, а тоа е каде се потрошени или инвестирани парите од евентуалното мито?

Прашањето до Димитров го повторуваме, за да бидеме јасни:

Дали Никола Димитров, со цел предвремено да ја имплемемнтира Преспа за внатрешна употреба во Македонија, без отворени преговори со ЕУ, земал мито од Грција или од нејзини лобисти?

Димитров да внимава што ќе одговори, бидејќи изворите блиски на СДСМ и од самото раководство на партијата СДСМ напоменуваат дека имаат докази за истото и ќе бидат објавени во јавност!

Со цел искрено информирање на јавноста, без да се факторизира било која од двете страни во спорот „Јужен мотив“ за Преспа во џебот на Димитров, произлезен од неговите шефови во СДСМ и лично од него, МКДенес во целост ќе го пренесе неговиот:

„ДЕМАНТ

Најостро ги демантирам наводите во мкденес.мк, портал без импресум, кој се повикува на неименувани извори од СДСМ дека сум влегол во бизнисот со градежништво и изградба на згради низ Скопје.

Ова е апсолутна и груба лага и доколку не добијам извинување веднаш, ќе се видиме на суд.

До тие кои работат во овој портал порачувам дека барем јас сум секогаш достапен за јавноста и наместо да дозволат да бидат маша во рацете на валкани центри и да газат една благородна професија како новинарството, можат да се јават и да побараат изјава, дури и кога се работи за очигледни небулози и црна кампања.

Е сега, една порака и за “изворите од СДСМ” кои очекував да се појават и допрва сигурно ќе се појавуваат:

Нема метод со којшто може да ме замолчите!

Еднаш кажав – за нештата што ми се важни, во животот и во политиката – нема пуштање, по ниедна цена!

Кога се работи за корупција, пак – сте го нашле човекот – па вие најдобро знаете кој е овде единствен (или ајде меѓу ретките) политичар без ниту еден отворен судски процес или индиции за злоупотреби.

На таа тема можете само да си направите беља.

Методите со кои се служите си говорат за нивото на демократија и зрелост на вашата партија и тоа си е ваш проблем. А богами и за несигурноста во сопствените ставови.

Но, кога овие методи доаѓаат од власта за пресметка со неистомисленици, стануваат и општествен проблем, којшто ќе треба прецизно да се адресира секаде каде треба.“ – се вели во демантот на Димитров.

Наместо Димитров да се заканува со јалови закани за судски постапки, најдобро е да одговори  на поставеното прашање, а ние секогаш сме тука да објавиме каков и одговор да даде. Во таа смисла, го очекуваме одговорот за „Јужниот мотив“ од Никола, за да го објавиме во целост.