ДАЛИ ДИМИТРОВ стана просечен бизнисмен како ЉУБЧО Вовода

АНАЛИЗА

Во јавноста се повеќе зачудува огромното салто мортале на поранешниот МНР и вицепремиер Никола Димитров, кој од перјаник на заевизмот, се претвори во најголем критичар на власта.

Од момчето кое беше заевизирано до степен да става и рачето на срце како неговиот бос Заев, сега не се воздржува од отворена критика на неговиот избраник да ја доуништи Македонија, премиерот Димитар Ковачевски – Таче.

Прашањето е, кој е мотивот на Димитров за ваквото однесување? Дали човекот не може да се помири што не е во Влада или станува збор за нешто друго? Што го мачи Николче?

Од извори од СДСМ дознаваме дека и господинот Димитров, после мандатот во Владата станал просечен бизнисмен како поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, до степен да му го копира и бизнисот, инвестирајќи во изградба на недвижности во Скопје.

Имено, извори блиски на Заев тврдат дека Димитров од некои пари со потекло од „југ“, започнал да инвестира во изградба на згради во Скопје.

Поради предходно објавената афера дека се земени пари од соседна Грција или нејзини лобисти, со цел предвремена имплементација на Преспанскиот договор за внатрешна употреба во Македонија и без започнување на преговори со ЕУ, се прашуваме дали еден од мотивираните политичари бил и самиот Димитров?

Доколку не е така, стоиме на располагање да објавиме демант на вестите кои доаѓаат од извори во СДСМ, а доколку е така, ја повикуваме Комисјата за корупција, а пред се ОЈО конечно еднаш да го отворат случајот „Јужен мотив“ по допрен глас од јавноста.

А дали Димитров станал просечен бизнисмен како и неговиот поранешен шеф Љубчо Вовода, нема да биде ниту прв ниту последен во македонското криминално политичко блато во кое живееме.