ЕКСКЛУЗИВНО: Француско УПАТСТВО за БУГАРИЗАЦИЈА на Македонија

Европа

МКДенес ви го пренесува во целост францускиот предлог за почеток на преговори на Македонија со ЕУ, кој согласно неговите насоки претставува Упатство за бугаризација на Македонија при интеграцијата во ЕУ.

На почетокот, Македонија ќе треба да се обврзе да го смени Уставот во брз рок, најкасно септември 2022 година, за да ги внесе Бугарите во Преамбулата како државотворен народ, а потоа и да донесе Акциски план за заштита на нивните права, за воопшто да ги започне пристапните преговори со ЕУ, се наведува во францускиот предлог кој е доставен до Софија.

Официјално Скопје, има задача да глуми „млада невеста“ која ништо не знае и да тврди дека до нив не стигнал овој документ. Притоа, поголем дел од планот на Радев „4+1″ (беше 5+1, но едно бугарско барање, Таче и Бујар го исполнија без добивки за Македонија) на чија основа двете земји преговараат за надминување на билатералниот спор, влегува во Преговарачката рамка на ЕУ. Со тоа, бугарските соништа за бугаризација на  Македонија стануваат ЕУ услови за влез во Унијата.

Важно е да се каже дека Македонија нема да започне преговори со ЕУ, па да менува Устав, туку прво треба да исполниме сите желби на Бугарија, за да сме започнеле некакви си преговори. Така прво ќе се констатира дека преговарачката рамка со Македонија е прифатена и од страна на Бугарија, по што следува промена на Уставот на земјава.

Откако тоа ќе се случи, повторно нема да се започне со преговори со ЕУ, туку треба да се изгласа некаков си Акциски план за спроведување на бугарски желби, па откако Бугарија ќе биде задоволна од сите понижувања на Македонија, ќе може да се започне со некакви преговори, но Бугарија цело време ќе има право да каже дека не е задоволна баш сега од третманот на Македонија кон Трајче шутракот од Свирипичино, кој се казвал за болгарин, и повторно може да ја врати земјава на почеток на преговори.

Дознаваме дека со истото веќе се согласила македонската Влада, Бујар Османи веќе дал потврда дека предлогот ќе помине во Македонија, а премиерот Димитар Ковечевски глуми лудило дека го заштитил македонскиот јазик, а всушност е седнат во скутот на ДУИ.

Агонијата започнува со Акцискиот план кој треба да го спроведе Скопје, каде освен заштитата на малцинствата и недискриминацијата, треба да ги задоволи Бугарите со историските вистини и нивното имплементирање во образованието. Дополнително, за воопшто да почнат пристапните преговори, Бугарија ќе треба да биде задоволна дека повеќе не се врши дискриминација во земјата и дека нема говор на омраза. Тие прашања ќе бидат регулирани со Акцискиот план на кој Скопје ќе мора да се обврзе.

Тоа значи дека доколку повторно жената го натепа оној шутракот од Битола кој станал болгарин во меѓувреме, Бугарија ќе каже дека не е задоволна од заштитата на Бугарите во Македонија и нема да започнеме со преговори со ЕУ. Значи ние треба да ја задоволиме сопругата на тој шутракот, да внимаваме на секој начин да не повторно и скурчи и го нашлака, ако сакаме да започнеме преговори за членство во ЕУ.

Со предлогот на Макрон, за кој Софија треба да се изјасни деновиве, останува активен и спорот за македонскиот јазик кој го отвори Бугарија, затоа што во него се предвидува двете земји со унилатерални декларации да и се обратат на ЕУ со објаснување за јазикот. Тоа значи дека Таче лаже за заштитата на македонскиот јазик, тој преговарал и за јазикот и за идентитетот. Самиот документ со кој се согласил, тоа го потврдува.

Притоа, Франција предлага и едно уникатно решение за организирање на две меѓувладини конференции. Првата уште на 23 јуни во Брисел, која ќе биде демек некаков почеток, која ја претставува како „политичка“, на која ќе се согласела Бугарија со замислете, своите бугарски услови за Македонија во ЕУ и втората во иднина, тогаш кога Македонија ќе заврши со уставните измени и ќе ги задоволи сите бугарски желби наведени во Акцискиот план.

Францускиот предлог се состои од два документи од кои, во продолжение, ви ги пренесуваме клучните точки. Првиот е Преговарачката рамка во која се додадени повеќе бугарски барања, а вториот е Предлог-заклучокот кој претседавачот Франција му го доставува на Советот на ЕУ.

Комисијата ќе го следи напредокот колку е Бугарија задоволена со тртењето на Македонија, при тоа Комисијата ќе биде составена од Бугари, кои ќе треба да признаат и прифатат дека се доволно задоволени. Значи Македонци подгответе си вазелинчето за утеха на душичето. Газето и онака е дадено од власта на зајчињата.

Во самата Преговарачка рамка, во точката 4 каде се наведуваат обврските на Македонија да ги почитува вредностите на ЕУ, освен „традиционалните“ барања за напредок во владеењето на правото, борбата против корупцијата и основните права, француското претседателство ги додава и „анти-дискриминацијата и борбата против говорот на омраза кон замислете Бугарите“.

Во точката 10, уште еднаш се потенцира потребата од заштита и недискриминаторски однос кон лица кои припаѓаат кон малцинства или заедници, како што се наводните Бугари. „За да се обезбеди неповратноста на напредокот во овие сегменти и целосната имплементација, напредокот одблиску ќе се набљудува од Комисијата, која за тоа ќе му реферира на Советот“. Тоа значи дека ако еден болгарин не е задоволен од тртењето на Македонците, Бугарија има право да не врати од почеток со преговорите.

Значи на болгарче не смеете да кажете НЕ! Што ќе посака, тоа ќе му дадете! Вака не било ниту за време на окупацијата во Втора светска војна, па ниту за време на отоманското ропство.

Што се однесува до дилемата дали Бугарија се откажала од спорењето со постоењето на македонскиот јазик, точката 11 во голема мерка ги решава тие дилеми. Иако Брисел го нарекува јазикот „македонски“, Бугарија сака да ја објасни својата позиција со декларација.

„Што се однесува до преводот на законите на ЕУ на македонски, ЕУ ја бележи намерата на Бугарија и Македонија да поднесат унилатерални декларации за македонскиот јазик“. Тоа значи дека ниту јазикот не е запазен и зачуван во чиста форма во употребата во рамки на ЕУ!

Акцискиот план за бугарските барања е врв на се. Тој е полош и повулгарен од бугарските фашистички декларации од 1942 година.

Во точката 35 од поглавјето Преговарачки процедури поместен е уште еден дел кој одговара на барањата на Бугарија. Имено, оваа точка го опишува Патоказот во однос на владеењето на правото во земјата, кој владата во Скопје треба да го усвои врз база на скринингот кој ќе го изврши Европската комисија во земјата. Она што е ново во овој дел е следното:

„Северна Македонија ќе усвои, низ инклузивен процес, Акциски план насочен кон заштита на правата на лицата кои припаѓаат кон малцинства или заедници, вклучително и во делот на не-дискриминацијата, борбата против говорот на омраза, образованието, обезбедувањето ефективни мерки, механизми за пријавување и идентификување на одговорни институции за тоа.”

Ова е скандал само по себе. Со ова се легализира ПРОГОН против Македонците кои не прифаќаат бугаризација, или ќе се дрзнат да искажат различно мислење по било кое прашање од оние фашизоидните бугарски соништа.

Усвојувањето и имплементацијата на овој Акциски план понатаму е додаден и како услов за отворање на првиот кластер со ЕУ наречен „Темели”. Тоа е потврда дека нема преговори со ЕУ додека не ги исполниме сите бугарски желби и соништа.

Понатаму, во точката 47, каде се објаснува следењето на напредокот на Македонија од страна на Комисијата, е додадена уште една реченица:

„Комисијата ќе обрне специјално внимание кон заложбите на Северна Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во точката 5 и ќе ја информира Меѓувладината конференција за нивната имплементација“.

Останатите детали за тоа што може да се очекува од билатералниот договор меѓу владите во Скопје и Софија се наоѓаат во Предлог заклучоците кои Франција му ги предлага на Советот на ЕУ. Париз тука наведува дека „Северна Македонија планира приоритетно” да изврши „уставни измени со цел да ги вклучи во Преамбулата на Уставот граѓаните кои живеат во границите на државата и кои се дел од други нации, како Бугарите.”

Доколку Скопје се обврзе да го стори тоа, уште на 23 јуни во Брисел ќе се одржи „политичка меѓувладина конференција“ која, како што може да се разбере од Предлог-заклучоците нема да биде Меѓувладина конференција со која ќе се овозможи почеток на пристапните преговори.

Таквата, вистинска Меѓувладина конференција, би се одржала дури откако ќе се промени Уставот и во него ќе се вметнат Бугарите и ќе се исполнат сите нивни желби и барања. Преговорите со ЕУ за полноправно членство би започнале откако ќе се исполнат предусловите за отворање на кластерот Темели.

Кластерот Темели ќе се отвори прв и ќе се затвора последен, за да може Бугарија во секој момент да ни става вета колку и ќе посака и да не враќа на почеток, како во некоја видео игрица, зависно од напредокот во тој сегмент.

Притоа, во точката 51, францускиот предлог предвидува паралелна контрола на Патоказот за напредок во делот на владеењето на правото, и Акцискиот план со кој треба да се обезбеди заштита на Бугарите.

Понатаму, во точката 53 каде што се објаснуваат одредниците за кластерот Темели, се прецизира дека Патоказот за владеењето на правото и Акцискиот план, кој практично произлегува oд бугарските барања, се изедначуваат по важност и без нивното целосно исполнување државата нема да може да продолжи натаму.

Со ова Македонија е заложник на Бугарија! Македонија нема да се интегрира во ЕУ, додека не се бугаризира! Дали ни е потребна оваа „интеграција“?