
НЕМА аспарухови БУГАРИ во Македонија, Радев на сила ги создава, смета Богојески
Темата Бугари во Македонија, предизвикува секојдневни пожари, било во Битола, било на социјалните мрежи, каде Петар Богојески објави свој став токму за нивното постоење.
Неговата објава за споделуваме во целост:
„БУГАРИН е политички идентитет, не е етнички!
Бугарите на Македонците ни кажуваат дека сме биле ист народ… еве зошто:
Населението на Бугарија заклучно со септември 2021 година е 6.520.314 луѓе. Од нив, околу 3 милиони се Македонци, исти како нас! Околу 650.000 се Турци и 350.000 Роми.
Останати се околу 2,5 милиони луѓе, мешавина, кои на некој начин се потомци на “вистинските Бугари”, кои се братски народ со Унгарците (хунска врска), а не со нас Македонците!
Тоа значи дека најголема група во Бугарија се Македонците, па сите останати! Затоа се плаши Бугарија од влез на “македонизам” во ЕУ!
Тие се плашат од самото постоење на Македонци, зашто во таков случај, Бугарија станува втора македонска држава, за што јас ви говорев да не се срамите од бугарски пасоши, тие ви припаѓаат од дедовците кои ја создале Бугарија како држава!
Тенденцијата на Бугарија е да докаже дека нема разлика помеѓу тие 2,5 милиони Бугари (хунска врска) и останати 3 милиони Македонци, кои денес во Бугарија ги нарекуваат македонски Бугари!
Затоа толку многу плачат кога ќе им кажеме нешто во врска со “азијатското потекло” или за среден век… пиштат дека било говор на омраза!
Тие имаат уплав од тоа во Бугарија да се случи поделба по оваа основа, односно едни да бидат Бугарите со македонско потекло, а други да бидат Бугарите со хунско потекло, како што и реално е!
Така ќе се распадне Бугарија како држава, односно тие така мислат! Затоа инсистираат на заеднички содржател на овие “два типа” Бугари, односно да докажат дека се едно исто со едно исто потекло и идентитет од Аспарух до денес!
Затоа прават вакви глупости и постојано повторуваат дека им е загрозен националниот интерес! И вистина им е!
Само никако да разберат дека од Македонец не бидува Хун, дека Македонец никогаш, па ни тогаш ќе се идентификува со Хан Аспарух или Кубрат! Тоа се сосема две различни племиња, па и раси ако сакате!
Едно е аспарухов Бугарин, брат на денешните Унгарци, друго е македонски Бугарин, брат на денешните Македонци! Тука мешање нема!
Еве вака “офанзивно” треба да им покажеме македонска љубов на Бугарите, по која толку многу патат!
И да знаете, аспаруховите Бугари не се потресени многу за таа љубов, проблемот е кај македонските Бугари, кои се очајни по неа, што е целосно разбирливо! Да си патиш и страдаш по својот род и пород! Сосема природно!
Ако ова го разбереме, ќе разбереме зошто имаат патолошка потреба да се занимаваат со Македонија и Македонците и наместо да ги мразиме / презираме поради таа патологија, ќе им покажеме разбирање и ќе си ги прибереме при себе, во нашето исконско, изворно македонско племе!
Затоа во Устав на Македонија не може да има Бугари, зашто такво нешто не постои, тие се Македонци (македонски Бугари) исто како нас и не смееме да им дозволиме да не поделат на Македонци и Бугари!
Сите ние во Македонија сме едно исто, сите сме Македонци, тука ниту имало ниту ќе има аспарухови Бугари!
Да ги имаше, нека влезат во Устав, ама ги нема! Не може на сила Бугарија да ги создава во Македонија! Тоа е фашизам!
Бугарија е втора македонска држава, па ако сакате и прва, и така треба да ја третираме, за да се разбереме и да падне ветото за ЕУ како крушка!
Дали сега ме разбирате кога ви кажувам дека има решение на проблемот за кратко време?!?
Ама вие си знаете!“ – напиша Богојески