
СПРОТИВНО НА ЗАКОН се бара ПРИТВОР за Ламбе
Обвинителството бара притвор за Ламбе Алабакоски поради палењето на вратата на центарот „Ванчо Михајлов“, целосно спротивно на закон, користејќи ја мерката како казна, а не како процедура за обезбедување на пристап на судот до обвинетиот.
Дознаваме дека Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка за предизвикување општа опасност поради палењето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“, што е исто така втора глупост, остануваше уште да поднесат обвинение за тероризам.
Откако во јавноста стана познато дека зад палењето стои македонскиот пејач Ламбе Алабакоски, функционери од власта правеле притисоци врз ОЈО Битола да се покрене недозволено строго обвинение и мерка притвор, со цел да им се допаднат на бугарските политичари, кои глумат душегрижници за Македонија, по што од Обвинителството информираат:
„Пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил“.
Се додава дека со оглед на тоа што постои опасност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на фактот што тој има двојно државјанство на Р.С. Македонија и на САД каде живеел до неодамна, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.
ОЈО не објаснува зошто едноставно не му се одземат патните исправи на обвинетиот, како мерка за претпазливост, по што притворот станува беспредметен? Кој е функционерот од власта кој постојано вршел притосок по секоја цена да се одреди мерка притвор, без разлика на околностите?