ВЕСТИ ЗА РАНОБУДНИ: Необична карта на Европа – каде е Македонија?

ВЕСТИ ЗА РАНОБУДНИ

На социјалните мрежи се шири интересна мапа на Европа, која покажува дали како гостин во европските земји ќе ве послужат со храна. Проверете во која од следните категории спаѓа Македонија: „речиси секогаш“, „најверојатно да“, „најверојатно не“ и „речиси сигурно не“. Што мислите?

Мапата е објавена на профилот на Инстаграм @loverofgeography, а со објавата пишува дека мапата покажува каде имате најголеми шанси „домаќините спонтано да ви понудат храна“.

Иако подолу е наведено дека мапата не е направена со некоја супер професионална методологија, сепак изгледа доста прецизно и пред се забавно.

https://www.instagram.com/p/CeHAOEQsFAA/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Во земјите каде што сигурно нешто ќе јадете како гости се сите земји од Балканот и медитеранскиот појас, со исклучок на Франција и северна Италија. Двата региона се најдоа во категоријата „најверојатно да“ заедно со Словенија, Унгарија, Чешка, Словачка и источноевропските земји, вклучувајќи го и Балтикот. Ирците и Шкотите се исто така вклучени во оваа категорија.

Нивните соседи, Англичаните и Велшаните, се во третата категорија, заедно со северот на Франција, Белгија, како и земјите од германско говорно подрачје, додека според оваа карта најмалку ќе се најадете во домаќинствата во северна Германија и Скандинавија.