
ШТО СТОРИ, го изгоре морето, Агнеса расцвета после развод
Познатата ифлуенсерка Агнеса Органџиева објави неколку снимки од одморот во Грција и ги воодушеви сите. Што стори, го изгоре морето, се коментарите на најзините обожаватели.
Таа заради фотографиите веднаш доби пофалби на сметка на својот изглед, како од машкиот така и од женскиот пол.
Агнеса која во центарот на вниманието дојде по бурниот развод од Роберт Ордановски, знае како да ужива во животот. Таа деновиве ги спакува куферите и замина на одмор во Грција, каде уживаше на преубавата плажа Лагомандра, во близина на Неос Мармарис, на вториот крак на Халкидики.
Таа веднаш објави неколку фотографии и „сторија“ од одморот, но со една од последните никого не остави рамнодушен.

Особено ги полуде сликата каде Агнеса покажа песок на плажа, нешто што повеќето нејзини обожаватели од Македонија немаат сеуште видено во животот. Веројатно и поради тоа се обожаватели на Агнеса!
На нив се гледа како русокосата дама изгледа во својот дводелен костим за капење, додека ужива во базенот од познатиот хотел.
Многумина заради оваа снимка коментираа дека изгледа топ, но и дека е една од најдобрите „риби“ меѓу инфлуенсерките.

Таа замина на одмор во пред сезона, за да фати поевтина цена, но да направи добри фотки.
Таа и овој пат ги „прикова“ своите фанови за телефонските екрани, кои беа воодушевени од нејзиниот изглед. Особено оваа последна фотка со јако ботоксирани усни.

Покрај мажите кои не знаат што со себе, еве конечно и жените започнаа да покажуваат „нога од плажа“. Тргна работава на подобро!